Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина бара САД да ги прекинат трговските преговори со Тајван

Кина бара САД да ги прекинат трговските преговори со Тајван

Кинеската влада го обвини Вашингтон дека го загрозува мирот, откако американските претставници започнаа трговски разговори со Тајван, чија цел е да ги продлабочат односите со самоуправуваната островска демократија за која свои претензии има Пекинг.

Разговорите што започнаа опфаќаат трговија, регулатива и други области засновани на „заеднички вредности“ како пазарно ориентирани економии, според Канцеларијата на трговскиот претставник на САД, пишува „Federalnewsnetwork“.

Медиумите пренесуваат оти според кинеските претставници, трговските дијалози „го нарушуваат мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец“. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Жао Лиџијан го повика Вашингтон „да престане да преговара за договори со Тајван кои имаат суверена конотација и официјална природа“.

Тајван и Кина се разделија во 1949 година по граѓанската војна која заврши со победата на владејачката Комунистичка партија на копното. Тие имаат трговски и инвестициски врски од повеќе милијарди долари, но немаат официјални односи. Пекинг вели дека Тајван нема право да води надворешни односи.

Соединетите Држави имаат дипломатски односи само со Пекинг, но широки неформални врски со Тајван. 

Жао го обвини Вашингтон за охрабрување на чувствата во Тајван во корист на прогласување формална независност, чекор што Пекинг претходно рече дека ќе биде основа за инвазија.

Тајван е деветти по големина трговски партнер на САД и важен производствен центар за компјутерски чипови и други високотехнолошки производи.

Слично

Поврзани вести