Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИМ ПОВТОРНО МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ТРАМП: Ќе ја збришеме Америка ако не допирне!

КИМ ПОВТОРНО МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ТРАМП: Ќе ја збришеме Америка ако не допирне!

На официјалниот веб сајт на Северна Кореја се појави предупредување дека Пјонгјанг ќе го „збришат“ САД доколку Вашингтон започне војна на Корејскиот полуостров.

Се верува дека Пјонгјанг нема технологија да направи ракета која би допрела до САД, но само овој месец извеле два ракетни теста.

Во неколку државни медиуми се наведува дека земјата не е заплашена со доаѓањето на ударните групи на американската морнарица.

„Таквите закани можеби ја заплашиле медузата, но тоа никогаш нема да успее со Северна Кореја“, пишува во денешниот Родонг. Ден претходно е објавено дека револуционерните сили на Северна Кореја „борбено се подготвени да го потопат нуклеарниот носач на авиони на САД со еден удар“.

Реториката на Пјонгјанг се интензивира секоја пролет, кога САД и Јужна Кореја држат заеднички воени вежби, кои Северна Кореја ги смета за закана. Во воведникот се наведува дека доаѓањето на американските ударни групи со ракетен носач „Карл Винсон“ е доказ дека американската инвазија се ближи, а авторот на текстот оценува дека Вашингтон лошо проценил дека Северна Кореја и Сирија се исто затоа што Пјонгјанг би возвратил на нападот, за разлика од Дамаск.

„Светот сега ќе биде сведок како нуклеарниот носач на авиони на Вашингтон се претвора во огромни купови челик закопани во морето и како земјата под име Америка ќе биде избришана од лицето на Земјата“, потенцираат медиумите на Ким Џонг Ун.

Слично

Поврзани вести