Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ким на Американците им „украл“ 156.000 долари, еве како...

Ким на Американците им „украл“ 156.000 долари, еве како...

Северна Кореја во Њујорк должи 156.000 долари за неплатени казни за непрописно паркирање, објави Ен-би-си. 

Дипломатското претставништво во Обединетите нации не платило 1.300 казни за сообраќајни прекршоци, пренесува Ен-би-си.

„Тоа не е вистина затоа што ако не платиме само три казни, градот нема да ни ја продолжи дозволата“- велат од севернокорејската дипломатска мисија во ОН.

Северна Кореја не е единствена земја што должи големи износи за непрописно паркирање. Само во Њујорк дипломатските претставништва за вакви прекршоци должат 16 милиони долари и тоа Сирија 360.000, Иран 185.000, Русија 105.000, а лидер на листата со должници е Кина со 400.000 долари.

За 15 години странските земји по овој основ имаат долг од 700.000 долари. 

Слично

Поврзани вести