Ким Јонг-ун се појави за да ја смири јавноста!
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун се појави во јавност за да ги смири шпекулациите кои се појавија околу неговото невообичаено отсуство од јавниот живот во Северна Кореја.
По повеќе од еден месец отсуство, тој се појавил за да "даде насоки " во новоизградена станбена област на научниците, а медиумите направиле неколку фотографии од него, како со помош на бастун извршил увид на терен.
Отсуството на Ким Јонг-ун од јавниот живот во Северна Кореја поттикна шпекулации за неговата здравствена состојба, но и за можноста во земјата да се случува државен удар за негова смена.
Фотографиите сепак не даваат детален увид за неговата здравствена состојба, која се смета дека е влошена заради зголемената телесна тежина, ниту пак можат да посведочат дека тој навистина и натаму има контрола врз државата.
Слично
