Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ким Јонг Ун е во кома: Нови гласини за севернокорејскиот лидер

Ким Јонг Ун е во кома: Нови гласини за севернокорејскиот лидер

Севернокорејскиот лидер Км Јонг Ун паднал во кома, соопшти поранешен висок функционер во државата. Се тврди, а пренесуваат сите светски медиуми, дека дел од своите овластувања лидерот ги предал не неговата сестра Ким Јо Јонг.

Поранешниот помошник на починатиот претседател на Јужна Кореја, Ким Дае Јунг, тврди дека Северна Кореја ја крие вистината за влошената здравствена состојба на нејзиниот лидер и вели дека, колку што тој сфаќа, севернокорејскиот лидер е во кома.

Шпекулациите за здравствената состојба на Ким се зголемуваат поради отсуството на негови јавни настапи во текот на оваа година, пренесува „Дејли меил“.

Сепак нема многу детали за здравствената состојба на Ким Јонг Ун и за причините поради кои тој паднал во кома. Вакви гласини се ширеа и во април, кога светот практично го умре лидерот на Северна Кореја.

Тогаш се тврдеше дека неговото здравје наводно e исклучително лошо и тој е во вегетативна состојба. Објавите беа дека Ким Јонг Ун имал операција на срцето во текот на тој месец, а според информациите од тимот лекари кои го лекувале неговата здравствена ситуација не се подобрува. Имаше тврдења и дека е починат.

По тоа самиот напиша писмо со благодарност до градежните работници, кои се ангажирани на модернизација на градот Самјијон. Подоцна веќе и се појавуваше во јавност.

Слично

Поврзани вести