Ким има планови за годинава, вели цела Америка му е на дострел
Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун во новогодишниот говор емитуван на државната телевизија изјави дека Северна Кореја постигнала историски успех „со пополнувањето“ на своите нуклеарни сили додавајќи дека тој има „нуклеарно копче“ на својата маса.
„САД треба да знаат дека копчето за нуклеарно наоружување на мојата маса. Цела Америка е на дострел на нашето нуклеарно наоружување. САД никогаш не можат да започнат војна против мене и нашата земја“ – изјави Ким.
Вели дека оваа година неговата земја треба да се фокусира на масовното
производство на нуклеарни боеви глави и балистички ракети за „оперативно распоредување“.
Ким повика на подобрување на односите со Јужна Кореја, како и тоа дека
Зимските олимписки игри се одлична шанса за да се покажат можностите на корејската
нација.
Според неговите зборови Северна и Јужна Кореја би требало под итно да се сретнат за да
разговараат за испраќање делегација на ЗОИ.
Ким носел сиво одело и кравата, а во говорот ги спомнал и економските достигнувања и ја
истакнал важноста на унапредувањето на животниот стандард на нацијата.
