КИМ ЏОНГ УН ПУШТИ СОЛЗИ - им се извини на граѓаните што не ги ослободил од тешкотиите
Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун на воената парада по повод 75 години од основањето на владејачката работничка партија, во еден момент се расплака и им се извини на своите граѓани.
„Народот ми укажа верба која е висока до небото и длабока како морето, но не успеав да ги направам задоволни. Навистина ми е жал. Иако ми е дадена важна одговорност да ја водам земјата, како што тоа го правеа големите Ким Ил-сунг и Ким Џонг-ил, мојот труд, но и искреноста не беа доволни за нашиот народ да се ослободи од тешкотиите во животот“, рече Џонг-ун.
Воената парада ја проследија голем број граѓани на Северна Кореја, со френетични алаузи и скандирања за нивниот лидер.
Слично
