Ким Џонг Ун не се откажува, ќе истрела нови балистички ракети
Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун денеска изјави дека ќе истрела нови балистички ракети во Пацификот.
Ова се случува еден ден откако Пјонгјанг испроба ракета која може да носи неклеарна боева глава преку Јапонија. Последната закана на Ким Џонг Ун дојде откако Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно го осуди најновото истрелување ракета од Северна Кореја и побара сите земји да ги спроведат санкциите против Пјонгјанг.
"Вежбата не влијаеше на безбедноста на соседните земји"- пренесува KCNA , додавајќи дека севернокорејскиот претседател изразил „големо задоволство" поради лансирањето на ракетата.
Американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека Вашингтон ќе ги држи сите опции на маса како одговор на ракетните проби. Резолуцијата на Советот беше поддржана и од Кина и Русија кои повикаа на мирно и дипломатско политичко решение.
Северна Кореја вчера тестираше уште еден проектил кој го надлета регионот на северна Јапонија пред да се урне во морето.
