Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ким Џонг Ун му го покажа на Шојгу новото оружје

Ким Џонг Ун му го покажа на Шојгу новото оружје

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун со кого размени мислења за глобалната и регионалната безбедност, соопшти руското Министерство за одбрана. Тие заедно посетија и изложба на оружје и воена опрема во Пјонгјанг.

Како што пренесува јужнокорејската новинска агенција Јонхап, Шојгу на средбата му предал на Ким Џонг Ун писмо од рускиот претседател Владимир Путин.

Ким Џонг Ун заедно со Шојгу и членови на руската воена делегација ја посетија „Изложбата на оружје 2023“. Тој му го покажа на рускиот министер најновото севернокорејско вооружување, вклучувајќи интерконтинентални балистички ракети, мобилни лансери, нивните мобилни фрлачи, како и тенкови и оклопни возила. 

Два примери на беспилотни летала привлекоа посебно внимание.  Според агенцијата, се претпоставува дека Северна Кореја би можела да ги користи информациите добиени при хакерски напади за изработка на дронови.

Руска воена делегација, предводена од министерот за одбрана Сергеј Шојгу, пристигна во вторник во Северна Кореја за да учествува на церемониите по повод 70-годишнината од крајот на Корејската војна.

Како што истакнаа од Министерството за одбрана, посетата ќе придонесе за зајакнување на воените врски меѓу Москва и Пјонгјанг и ќе стане важна фаза во развојот на соработката меѓу двете земји. Работната посета на руската делегација ќе трае до 27 јули.


Слично

Поврзани вести