Ким Џонг Ун лично ги следи ракетните тестови во Северна Кореја
Севернокорејската новинска агенција објави фотографии од лидерот Ким Јонг Ун како гледа тест за ракети над Пјонгјанг.
Северна Кореја лансираше нови тактички управувани ракети на 6 август под лично раководство на нејзиниот лидер.
Во официјалното соопштение на агенцијата се наведува дека лансирањето ракета е предупредување за Вашингтон и Сеул, кои спроведуваат заеднички воени маневри.
Вчерашното гаѓање беше четвртата проба на оружјето во Северна Кореја за помалку од две недели.
Слично
