Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ким Џонг Ун ја однесе ќерка си на лансирањето на балистичка ракета

Ким Џонг Ун ја однесе ќерка си на лансирањето на балистичка ракета

Лидерот на Северна Кореја Kим Џонг Ун за првпат покажа фотографија со својата ќерка. Таа има околу 12 години. Ким својата приватност ја држи во тајност. 

Тие се фотографирани пред лансирањето на најголемата балистичка ракета. Ким претходниот ден го следел лансирањето на нов тип интерконтинентална балистичка ракета со неговата сопруга Ри Сол-џу и други официјални лица. Тој покажа дека Северна Кореја има сигурно оружје за да ги задржи воените закани предводени од Америка.

Јужнокорејски и јапонски официјални лица потврдуваат дека Северна Кореја истрелала интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ), која слетала на 200 километри од Јапонија. Таа сепак дострел доволен за да стигне до копното на САД.  Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска остро го осуди најновото лансирање на интерконтинентална балистичка ракета од Северна Кореја. Повика Пјонгјанг да се воздржи од провокации. 

Фото: КЦНА

Слично

Поврзани вести