Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ким Џонг Ун ги предаде останките на американските војници, Трамп му се заблагодари на Твитер

Ким Џонг Ун ги предаде останките на американските војници, Трамп му се заблагодари на Твитер

Мајк Пенс, потпретседателот на САД на церемонијата во Хаваи ги пречека посмртните останки на 55 американски војници, убиени во текот на Корејската војна во периодот 1950-1953 година.

„Некои ја нарекуваат Корејската војна - Заборавена војна. Но, денеска ние докажуваме дека овие херои никогаш не беа заборавени. Денеска нашите момци се враќаат дома“, изјави Пенс во воената база Перл Харбор - Хикам.

Ова следи по договорот постигнат на средбата меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на 12 јуни во Сингапур,

Посмртните останки беа земени во петокот во Северна Кореја и транспортирани до американска воена база во Јужна Кореја со американски военотранспортен авион.

Пенс нагласи дека форензичарите ќе се обидат да ги идентификуваат телата.

Во Корејската војна загинаа околу 33.000 американски војници, а над 8.000 се уште се водат за исчезнати. Помеѓу 1996 и 2005 година, Северна Кореја ги врати смртоносните останки на повеќе од 220 американски војници. Сепак, операцијата беше прекината од страна на САД во 2005 година поради безбедносни причини.

Американскиот претседателот Доналд Трамп му се заблагодари на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за вратените посмртни останки, но и изрази желба за нова средба со него.

„Ви благодарам претседателе Ким Џонг-ун, што си стоите на зборот и почнавте процедура за враќање дома на посмртните останки на нашите великани и сакани загинати херои! Воопшто не сум изненаден што го направивте тоа благородно дело!", напиша американскиот претседател на Твитер.

Слично

Поврзани вести