КИМ ЏОНГ УН ПОВТОРНО УДИРА: Северна Кореја истрела проектили од краток домет?
Јужна Кореја тврди дека Северна Кореја истрелала проектили од краток домет од областа во близина на источниот брег, што дејствува као уште едно тестирање на оружје.
Ова лансирање на проектилидејствува како реакција на актуелни воени вежби во Вашингтон и Сеул, пренесе АП.
Генералштабот на Јужна Кореја тврди дека проектилот е исфрлен од област во близина на Сверна Кореја, во пристанишниот град Вонсан и дека летал околу 20 км кон сверозападно копно.
Висок претставник на Генералштабот на Јужна Кореја вели дека е нејасно дали проектилот паднал во внатрешноста или ја прелетал целта и слетал во морето и дека се уште е непознато дали проектилот е балистичка ракета или артилериска граната.
Северна Кореја обично ги тестира своите ракети и артилерија со цел во морето.
