Киевската полиција објави колку тела на цивили се најдени и со какви рани
Телата на 1.150 цивили се пронајдени од почетокот на конфликтот во регионот на украинскиот главен град Киев.
50 до 70 отсто од нив имаат рани од куршуми од мало оружје. Ројтерс наведува дека не може да го провери бројот на загинатите луѓе во Буча, ниту околностите на нивната смрт. Украина обвинува дека зад овој масакр стојат руските сили.
Русија на 24 февруари ја нападна Украина. Засега нема договор за примирје.
Откако почна војната, неколку милиони Украинци ја напуштија земјата.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја повика Русија да соработува со Меѓународниот кривичен суд за можните воени злосторства во Украина.
foto EPA/OLEG PETRASYUK
Слично
