КИЕВ ВО ЖЕСТОКА КОНТРАОФАНЗИВА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ХЕРСОН: Армијата го користи ХИМАРС, ракетниот систем испорачан од САД
Украинската армија објави дека започнала контранапад против
руските сили во областа Херсон на југот на земјата. Нападнат е склад за оружје во градот Нова
Каховка. Проруските власти соопштија
дека загинале седум лица, а неколку куќи се уништени. Украинската страна тврди
дека во нападот била уништена воена опрема, додека руските сили наводно изгубиле
повеќе од 50 војници во нападот. Руската новинска агенција РИА Новости утринава
јави дека во нападот загинале седум лица. Се наведува дека уште четворица се исчезнати и неколку десетици ранети
Проруското раководство извести и дека многу луѓе се затрупани под урнатините, дека неколку стотици куќи биле оштетени од гранатирање и дека наводно биле уништени 35 тони хуманитарна помош, вклучително и храна за локалното население.
Киев неодамна ги повика тамошните цивили да се евакуираат поради најавената контраофанзива. Се вели дека областите под руска контрола биле повторно преземени главно со оружје испорачано од западните земји. Руски извори тврдат дека во украинскиот напад на Нова Каховка бил користен ракетниот систем ХИМАРС што САД му го доставиле на Киев, пренесува германската новинска агенција ДПА.
