Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИЕВ ВО ШОК, МОСКВА ВО НЕВЕРУВАЊЕ! ДАЛИ ГЕРМАНИЈА ГО ПРОМЕНИ СТАВОТ?: „Украина не е наш сојузник!“ (ВИДЕО)

КИЕВ ВО ШОК, МОСКВА ВО НЕВЕРУВАЊЕ! ДАЛИ ГЕРМАНИЈА ГО ПРОМЕНИ СТАВОТ?: „Украина не е наш сојузник!“ (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Писториус истакна дека Германија сега е соочена со фактот дека одбранбената индустрија не може да обезбеди испораки за Киев во одредени области во потребните количини.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека Германија не е сојузник на Украина и дека не се меша во алијансата, објави германската телевизија ЗДФ.

Сепак, според неговите зборови, Германија е на второ место по обемот на помошта што ѝ се дава на Украина, „далеку пред другите“.

Министерот додаде дека Германија сега е соочена со фактот дека одбранбената индустрија не може да обезбеди испораки во одредени области во потребните количини.

На ваквата изјава на германскиот министер на Телеграм реагираше портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пишувајќи дека „Писториус ги смени чевлите“.

- Борја отпакува сосема нови мокасини, кои ги доби минатиот Божиќ и ги смени чевлите - додаде Захарова на социјалната мрежа.

Писториус сугерираше дека „работите ќе се подобрат во следните неколку месеци“. Само Германија ќе испорача речиси 200 илјади гранати, но за се е потребно време и не се работи за политички одлуки или финансиски средства.

Според него, единствените кои можат да одлучат дали ќе преговараат или не се Украина и Русија. Москва повеќепати изјави дека воената помош на западните земји не и носи ништо добро на Украина и само го продолжува конфликтот.

Во овој контекст, транспортот на оружје станува легитимна цел на вооружените сили на Русија.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести