Киев во пламен, но спортот продолжува!
Украинскиот олимписки комитет не доби дозвола од Меѓународниот олимписки комитет за спортистите од Украина на Олимпијадата во Сочи да носат црна лента на раката, во знак на тага за загинатите во насилните протести во Украина,
Украинските спортисти тврдат дека сакале да покажат „длабока волка за загубата на сограѓаните“, но Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) одговорил дека тоа „не е можно согласно Олимписката Повелба“.
Украинската делегација во Сочи ја предводи легендарниот Сергеј Бубка, кој упати пораки до двете страни во Киев за престанок на насилствата. Сепак, во судирите меѓу украинската полиција и демонстрантите во последните 24 часа загинаа најмалку 26 лица, а повеќе од 250 се повредени.
Насилствата продолжуваат и денеска, додека демонстрантите се обидуваат да ги одбранат позициите на Плоштадот на независноста од постојаните обиди на специјалните полициски сили да ги отстранат шаторите.
Сепак жестоките судири не се доволни за УЕФА да го откаже утрешниот натпревар на Динамо Киев и Валенсија, во рамките на Лига Европа. Стадионот „Лобановски“ се наоѓа на само еден километар од Плоштадот на независноста каде е епицентарот на протестите,, па шпанскиот клуб бараше одлагање на натпреварот. Но, за сега ваква одлука нема. Фудбалерите на Валенсија чекаат на аеродром во Шпанија за да видат дали УЕФА ќе се предомисли.
Слично
