Економија, финансии, бизнис

Контакт

Киев стои зад убиството на Дарја Дугина, тврдат американски разузнавачи

Киев стои зад убиството на Дарја Дугина, тврдат американски разузнавачи

Разузнавачи од САД потврдија дека Русинката Дарја Дугина е убиена со наредба од Украина. 

Тие веруваат дека нападот со автомобил-бомба во Москва, во кој е убиена новинарката Дарја Дугина во август, бил одобрен од „делови“ на украинската влада, објави во средата Њујорк Тајмс. Анонимните разузнавачки службеници тврдеа дека Вашингтон не бил вклучен на кој било начин и дека би се спротивставиле на операцијата доколку знаеле за тоа, а потоа го „опоменале“ Киев.

Дугина е убиена на 20 август, кога автомобилот што го возеше експлодираше на периферијата на руската престолнина Москва. Руските власти го обвинија Киев и наведоа двајца украински државјани како осомничени. 

За Тајмс зборуваше советникот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, Михајло Подољак, кој првично инсистираше на тоа дека Украина „нема никаква врска со ова“. Тој за украинските медиуми минатиот месец рече дека целните убиства на проруски функционери и цивили „секако не се терористички или, строго кажано, криминални“. Таткото на Дугина, Александар се залагал за Русија во чиј состав ќе биде и Украина. Си-Ен-Ен претходно објави дека Дугина имала и веб-страница на англиски и турски јазик, позната како United World International, која и самата била дел од поширокиот пропаганден напор познат како „Проект Лахта“.

Слично

Поврзани вести