Киев спрема остар одговор на сепаратистите во Славјанск!
Украински специјалци се подготвуваат да интервенираат во источниот град Славјанск и да го вратат под контрола, откако вооружени проруски демонстранти ја зазедоа полициската станица во овој град.
„Одговорот ќе биде остар, затоа што постои разлика меѓу демонстранти и терористи!“, се закани украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков.
Славјанск е оддалечен околу 100 километри од Доњецк и има околу 130.000 жители. Инаку, за 17-ти април во Женева е закажана четиристраната конференција на високите претставници на Украина, Русија, САД и ЕУ, која ќе бара излез од новонастанатата криза во источните делови на Украина.
Ова ќе биде прва средба на сите четири страни по почетокот на тензиите во Украина.
Слично
