Економија, финансии, бизнис

Контакт

Киев: Рускиот гас повеќе не ни треба!

Киев: Рускиот гас повеќе не ни треба!

Киев би можел целосно да се откаже од рускиот гас ако му бидат зголемени двојно испораките од Европа, рекол директорот на Нафтогас Андреј Коболјев.

Тој на конференцијата за енергетска безбедност во Брисел рекол дека Украина сепак е подготвена да продолжи да купува руски гас во цел на диферсификација на изворот и патот на неговата испорака.

Коболјев оценил дека увозот на гас од Русија би можел да достигне до пет милијарди кубни метри годишно, пренесува украинскот сајт Korespodent.net.

Според неговите зборови Украина би можела целосно да се откаже од рускиот гас, ако ги прошири врските со земјите на ЕУ, откаде сега увезува милијарда кубни метри месечно.

„Ако успееме да ја зголемиме двојно таа количина, на Украина повеќе никогаш нема да и треба руски гас“, тврди Коболјев.

Украина го зголемила своето производство на гас оваа година на 16,4 милијарди кубни метри. Рускиот гас веќе пола година не се испорачува во Украина, а со самото тоа е зголемено снабдување од Европа, конкретно реверзибилни испораки од Унгарија, Словачка и Полска, а се преговара и со Норвешка, потсетува  Korespodent.net.

Една од клучните теми на настапот на Коболјев било прашањето за контрола на гасот од Русија на територијата на Украина.

Тој ги повика меѓународните набљудувачи да ја следат испораката на гас од Русија и потсетил дека на источните граници на земјата постојат станици за мерење на гас. Вистина, тие се наоѓаат на руската територија и поради тоа може да дојде до извесни потешкотии со дозволите за пристап на меѓународните експерти, признал шефот на Нафтогас.

„Поради тоа нас ни е потребна тројна спогодба со учество на Русија и ако нема таков документ, можеме само да ја поздравиме таа иницијатива, прокоментирал тој.

Слично

Поврзани вести