Економија, финансии, бизнис

Контакт

Киев подготвува контранапад на Херсон, руските трупи го гаѓаа центарот на Харков

Киев подготвува контранапад на Херсон, руските трупи го гаѓаа центарот на Харков

„Ракетен напад врз Харков, погодена висококатница“

Руските сили извршија ракетен напад врз центарот на Харков и беше погодена повеќекатница, јавија утрово украинските медиуми.

Спасувачите се на терен, а од урнатините е спасена постара жена. Укринформ јавува дека во градот се слушнале три експлозии.

Засега нема информации за загинати или повредени, наведува Униан.

Киев подготвува контранапад на Херсон и повикува на евакуација

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук ги повика цивилите во областа Херсон, јужна Украина, под контрола на Русија, веднаш да се евакуираат додека украинските вооружени сили подготвуваат контранапад.

„Јасно е дека ќе има борби и гранатирање. Затоа ги повикуваме луѓето веднаш да се евакуираат“, објави Верешчук на националната телевизија во неделата и нагласи дека не може точно да каже кога ќе се случи украинската контраофанзива.

Таа предупреди дека постојат сигурни сознанија дека жените и децата не треба да бидат во Херсон за да не се користат „како жив штит“, пренесува Ројтерс.


Слично

Поврзани вести