Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИЕВ ПОД ЖЕСТОК УДАР НА 40 ДРОНОВИ-КАМИКАЗИ: Најголемиот руски напад е извршен еден ден пред прославата на Денот на Киев

КИЕВ ПОД ЖЕСТОК УДАР НА 40 ДРОНОВИ-КАМИКАЗИ: Најголемиот руски напад е извршен еден ден пред прославата на Денот на Киев

Во текот на ноќта руската армија го изврши најголемиот напад со беспилотни летала-камикази врз Киев, додека главниот град на Украина се подготвуваше да прослави 1.541 година од основањето.

Денот на Киев беше популарен празник во услови на мир, а градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко потврди дека во синоќешните руски напади загинал 41-годишен маж, а воената администрација на Киев соопшти дека најмалку две лица се ранети.

Украинските воени претставници соопштија дека повеќе од 40 дронови лансирани од војската под команда на рускиот претседател Владимир Путин биле соборени од воздушната одбрана на Украина во воздушниот простор на Киев.

ФОТО: Twitter

Слично

Поврзани вести