Економија, финансии, бизнис

Контакт

Киев: Ослободени 1200 Украинци

Киев: Ослободени 1200 Украинци

Украинските власти успеале да „ослободат“ во последните неколку дена 1200 лица кои биле заробени од проруските бунтовници на истокот од Украина, изјави денеска во Марипољ претседателот на оваа земја Петар Порошенко.

Тој рекол дека затворениците се ослободени од почетокот на воспоставувањето на прекинот на огнот.

Порошенко, меѓутоа не прецизираше дали тие затвореници се разменети со заробени припадници на проруските сили, како што предвидува протоколот за спогодба за прекин на огнот, договорен во Минск во петокот. Порошенко денеска стигнал во Марипољ, прв пат откако избија судирите на истокот од Украина.

„Ова е наша земја, нема да ја дадеме на никој“, наведе Порошенко на Твитер.

Слично

Поврзани вести