Економија, финансии, бизнис

Контакт

Киев не знае што да прави против новите видови оружје што го користат Русите - беспилотни летала камикази, поевтини и попрецизни

Киев не знае што да прави против новите видови оружје што го користат Русите - беспилотни летала камикази, поевтини и попрецизни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и безбедносните лидери се состанаа денеска за да планираат начини да се спротивстават на новите видови оружје што ги користат Русите. Состанокот се случи откако Москва ги засили нападите во регионот на Одеса користејќи ирански борбени беспилотни летала, соопштија од кабинетот на претседателот и регионалните претставници.

Русија во изминатите неколку дена извршила најмалку пет напади врз цели во регионот користејќи беспилотни летала Шахед-136, изјави на брифинг портпаролот на регионалната администрација на Одеса, Сергеј Брачук, пренесе Ројтерс.

Во еден од нападите утринава беше погодена скриена воена цел во јужниот регион, додаде тој.

„Непријателот се обидува да заштеди на проектили... овие Шахеди се многу поевтини, може да се користат многу почесто и во парови. Гледаме дека непријателот може дури и да лансира неколку од овие камикази беспилотни летала при еден напад“, рече Брачук.

Зеленски денеска имаше средба и со врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни, шефот на воената разузнавачка служба, министерот за одбрана и други највисоки безбедносни и воени лица, соопштија одделно од кабинетот на претседателот.

Учесниците на состанокот особено се фокусираа на прашањето за употребата на нови видови оружје од руска страна и ги презентираа плановите за спротивставување на таквите средства, се наведува во соопштението, во кое не се наведени детали за плановите.

Новите видови оружје, вклучувајќи ги ракетните системи Химарс, противтенковските оружја Џавелин и турските беспилотни летала Бајрактар, имаа видливо влијание врз текот на седуммесечната војна што Русија ја започна во февруари, соопшти агенцијата.


Слично

Поврзани вести