Киев не ја признава казната од седум милијарди долари за „Гаспром“, бара помош од Европа
Казната од седум милијарди долари за непреземен гас што Украина треба да ја плати на руски „Гаспром“ е неправедна и не одговара на пазарните односи, сметаат властите во Киев.
Според украинскиот претседател Виктор Јанукович, Киев е подготвен за тоа да преговара со Москва, но и оти очекува поголема ангажираност на Европската енергетска заедница за гасниот спор меѓу Украина и Русија.
„Кога Русија на Украина и ја достави сметката од седум милијарди долари, се надевавме на некој коментар од Енергетската заедница, на нивен став“, истакна Јанукович и додаде дека Украина повеќе пати ипратила писмо од Енергетската заедница, но не добила одговор.
Украина неколку години се обидува да ги ревидира спогодбите за увоз на гас од Русија поради превисоките цени и преголемите количини, кои се претходно договорени.
Украинскиот „Нафтогаз“ бара годишната количина да се намали на 27 милијарди кубни метри, но рускиот „Газпром“ инсистира да остане на 52 милијарди кубни метри, колку што е договорено за 2012 година
Слично
