Киев не е заинтересиран за преговори?
Нема напредок во преговорите меѓу Украина и Русија, a Киев не е заинтересиран за нивно продолжување, велат властите во Русија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска го кажа ставот.
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Андреј Руденко изјави во вторникот дека Москва и Киев не водат разговори „во ниту една форма“ и дека Украина „практично се повлече од преговарачкиот процес“.
Михајло Подољак, советник на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, ја потврди информацијата за пауза во преговорите.
Вели дека Украина нема да даде ништо „за да го спаси лицето на Путин“, затоа што „општеството платило огромна цена“. Последната рунда преговори се одржа во Истанбул на почетокот на април.
Русија на 24 февруари ја нападна Украина, а руските сили сега ја имаат под контрола и челичарницата Азовстал во градот Марипол, каде украинските борци долго време пружаа отпор.
Слично
