Киев најави демобилизација, илјадници војници ќе се повлечат
Демобилизацијата во Украина започна, соопшти украинското Министерство за одбрана, според која од зоната на конфликтот ќе заминат 35 000 војници.
Од 18-ти март од реонот на борбите ќе бидат демобилизирани повеќе од 30 000 војници кои биле мобилизирани во пролетта и летото на 2014 година, изјавил првиот заменик-шеф на претседателската администрација на Украина Виталиј Ковалчук.
Тие ќе се вратат во различни области на земјата. Според Ковалчук во секој регион на земјата ќе се вратат меѓу 1000 и 2000 лица.
Претходно, претседателот на Украина Петро Порошенко ја истакна важноста од поддршката за демобилизирани на војниците за нормалното враќање кон цивилниот живот. Претседателот, исто така, изразил уверување дека демобилизираните војници ќе станат активни учесници во локалната самоуправа.
