Економија, финансии, бизнис

Контакт

Киев: На истокот влегле 32 руски тенкови

Киев: На истокот влегле 32 руски тенкови

Киев соопшти дека на истокот на Украина од Русија влегле 32 тенкови со артилериско оружје и војници, и дека тамо во поселдните 24 часа настрадале пет војници.

„Триесет и два тенка, 16 хаубици и 30 воени камиони со војници влегле во Украна од Русија“ и се движат кон градот Красни Луч во областа на Луганск, изјавил портпаролот на украинската војска Андриј Лисенко.

Тој додал дека „уште еден конвој на камиони кои превози три радио станици ја преминал границата кај преминот Изварин“, под контрола на сепаратистите.

„Пет војници се убиени, а уште 16 лица се повредни во последните 24 часа во таа област“, додал портпаролот.

 
Слично

Поврзани вести