Економија, финансии, бизнис

Контакт

Киев му забрани влез на Горбачов во Украина за пет години

Киев му забрани влез на Горбачов во Украина за пет години

Украинската Влада донесе одлука со која се забранува влез во земјата на последниот советски лидер, Михаил Горбачов во период од пет години.

Оваа мерка е поради неговата јавна поддршка на руската анексија на Крим. Забраната за влез на Горбачов во Украина дојде по неговото интервју за британскиот весник „Сандеј Тајмс“ во кое тој вели дека во случајот со Крим ќе постапел на ист начин како и рускиот претседател Владимир Путин, доколку  се нашол во таква ситуација.

Русија го окупира и анектира полуостровот Крим во 2014 година, по смената на проруски ориентираниот украински претседател, Виктор Јанукович и доаѓањето на власт во Киев на прозападни политичари. Пред анексијата, Русија организираше референдум на Крим, на кој според официјалните резултати, мнозинството жители на полуосторвот се изјасниле за припојување кон Руската Федерација.  Овој референдум Украина и западните држави го оценија како незаконски.

Слично

Поврзани вести