Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИЕВ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ЗМИСКИ ОСТРОВ „КОЛКУ ШТО Е ПОТРЕБНО“: Тој што ќе го освои ќе има конторола на западниот брег од Црното Море

КИЕВ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ЗМИСКИ ОСТРОВ „КОЛКУ ШТО Е ПОТРЕБНО“: Тој што ќе го освои ќе има конторола на западниот брег од Црното Море

Украина ќе се бори за оддалечениот Змиски остров во Црното Море „колку што е потребно“, изјави денеска шефот на разузнавачката служба на украинската армија Кирило Буданов.

„Кој го контролира тој остров, може во секое време да го блокира движењето на цивилните бродови во сите правци кон југот на Украина“, рече Буданов, пренесе Ројтерс.

Според некои официјални лица, обновените борби околу островот во претходните денови би можеле да станат битка за контрола над западниот брег на Црното Море, додека руските сили се обидуваат да се пробијат до украинскиот север и исток.

Змискиот остров, со големина од околу 17 хектари, се наоѓа во регионот на Одеса, подеднакво е оддалечен од романскиот град Сулина и украинскиот град Вилкова, а овој регион е препознатлив и по богатите резерви на нафта и гас.


Слично

Поврзани вести