Киев ќе бара процес во Хаг
Украинскиот Национален совет за безбедност и одбрана побара од Владата да иницира процес пред Хашкиот трибунал за злосторста против човештвото во 2014 и во 2015 година.
Советот бара да се отпочне процедура за самопрогласените народни републики Донјецка и Луганска во Источна Украина да се прогласат за терористички организации.
Во меѓувреме, откако е започнат конфликтот на југоистоткот од земјата, меѓународните набљудувачи регистрираа бројни кршења на човековите права од стана на украинската војска , пренесува Итар-тасс.
Организацијата Хјуман рајтс воч ги обвини украинските трупи за употреба на забранета касетна муниција против цивили, како и за гранатирање населени подрачја.
Вчера при нападот на Мариупољ загинаа 30 лица, а ранети се над 90. Киев за нападот ги обвини проруските сепаратисти.
Лидерот на самопрогласената ДНР Александар Захарченко одговори дека бунтовниците не го напаѓаат Мариупољ, туку украинската војска.
Русија денеска ја блокираше декларацијата на Обединетите нации со која се осудува гранатирањето на градот на југоистокот на Украина.
Слично
