Економија, финансии, бизнис

Контакт

Киев ја исклучи нуклеарната електрана Запорожје од мрежа

Киев ја исклучи нуклеарната електрана Запорожје од мрежа

Властите во Киев еднострано го прекинаа снабдувањето со електрична енергија на територијата на Украина од нуклеарната централа Запорожје.

„Снабдувањето со електрична енергија од нуклеарната централа Запорожје на територијата под контрола на режимот на Зеленски е прекинато. Украина еднострано го прекина снабдувањето со електрична енергија. Тие намерно не добиваат струја, иако има технички можности за дистрибуција на струја на таа територија“, изјави претставникот на проруската администрација на Запорожје, Владимир Рогов.

Тој додаде дека териториите на регионите Запорожје и Херсон кои се под руска контрола, нормално добиваат струја.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси побара итно запирање на гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје и воспоставување заштитна безбедносна зона.

Гроси изјави дека гранатирањето ја уништила енергетската инфраструктура во украинскиот град Енергодар, каде што живее персоналот на нуклеарната централа Запорожје.

Нуклеарната централа Запорожје се наоѓа на левиот брег на реката Днепар во близина на Енергодар и од март е под контрола на руските сили. Украинската страна ја обвинува руската армија за гранатирање на областа, додека Москва тврди дека нуклеарната зона е нападната од украинските сили.


Слично

Поврзани вести