Економија, финансии, бизнис

Контакт

Киев: Избори на истокот од Украина – незаконско одземање на власта?

Киев: Избори на истокот од Украина – незаконско одземање на власта?

Украинските власти денеска соопштија дека ќе покренат крвична истрага поради пртседателските и парламентарните избори кои денеска се одржуваат во оластите на Доњецк и Луганск на истокот од Украина, нарекувајќи ги овие избори „незаконско одземање на власта“.

 „Одржувањето на таканаречените избори на 2 ноември се во спротивност со Уставото и претставуваат одземање на власта. Покрената е кривична истрага“, наведува Украинската служба за безбедност во соопштението кое го пренесува АФП.

Во областите на Доњецк и Луганск во источна Украина утрово почнаа претседателски и парламентарни избори и покрај несогласувањата на Киев, Европската унија и Обединетите нации, а изборите ги поддржа само официјална Москва.

Избирачките места се отворени во осум часот по московско време, односно шест по средноевропско, а ќе бидат затворени во 20 часот (18 по средноевропско време) .

Слично

Поврзани вести