Економија, финансии, бизнис

Контакт

Киев и Москва најдоа заеднички јазик за решавање на кризата

Киев и Москва најдоа заеднички јазик за решавање на кризата

Украинските власти соопштија дека постигнале заедничко разбирање со Москва за деловите на планот за решавање на насилството на истокот на земјата, кое го предложил претседателот Петро Порошенко.

Властите во Киев не изнесоа детали за дводневните разговори за предлозите на Порошенко за решавање на кризата, која, од април однесе многу жртви и меѓу проруските сепаратисти и владни трупи.

-Како резултат на нашата работа и двете страни постигнаа заедничко разбирање за клучните фази на  имлементирање на планот и за листата приоритети кои ќе допринесат кон смирување на состојбата во регионите Донецк и Луганск - соопшти украинското Минстерство за надворешни работи.

Во разговорите посредник беше Организацијата за европска безбедност и соработка, потсетува ројтерс.

Првиот ден на разговорите, во неделата, со рускиот претставник Михаил Зурабов, Порошенко изјави дека насилството мора да биде прекинато оваа недела.

Украинското министерство не наведува кој учествувал во разговорите во понеделникот, но соопшти дека „контакт групата“ и понатаму одржува состаноци за кризата.

Слично

Поврзани вести