Економија, финансии, бизнис

Контакт

Киев ги повлекува ракетните лансери од фронтот во источна Украина

Киев ги повлекува ракетните лансери од фронтот во источна Украина

Украинските власти соопштија дека ги повлекле сите свои ракетни лансери „Ураган“ од зоната на основниот конфликт во источна Украина, извршувајќи  ги своите услови за договорот и примирје со проруските сепаратисти.

Според раководството на источните воени операции на Киев освен тешкото вооружување, некои системи со помал калибар исто така биле повлечени. Армијата сепак се уште треба да ги премести своите системи за балистички ракети „Точка“, како дел од договорот во Минск.

Иако и двете страни даваат знаци дека ќе го повлечат своето вооружување, сепаратистите и армијата продолжуваат да се обвинуваат меѓусебно за нарушувањето на февруарското примирје.

Од Киев изјавиле дека од почетокот на примирјето биле убиени 48 војници, но не е исклучен фактот тој број да се зголеми, особено по борбите во Дебалцево. Во исто време министерот за одбрана на самопрогласената Доњецка народна република Едуард Басурин најавил дека украинската армија спроведува „масакар“ над своите сили.

Во меѓувреме Русија и Германија ја повикаа Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) да го зголеми речиси двојно бројот на своите набљудувачи во Украина. Според Москва нивниот број треба да достигне 1.000 лица.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер „ја повикаа ОБСЕ да превземе брзо решение за продолжување на мандатот на својата специјална мониторинг мисија и да ја зголеми нејзината големина до 1000 набљудувачи“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Слично

Поврзани вести