Економија, финансии, бизнис

Контакт

Киев бара оружје од ЕУ

Киев бара оружје од ЕУ

Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок за кризата во Украина после информацијата дека руските трупи влегле во таа земја каде на истокот се водат борби на украинските и проруските сили.

Вонредниот состанок го побарала Литванија, додека Киев од Европската унија побарал воена помош да се спротивстави на влезот на руските трупи на истокот од земјата, што предизвика стравување од отворена војна помеѓу Русија и Украина.

 Еден висок претставник на НАТО изјавил дека доста илјади војници се наоѓаат во моментов во борбите во Украина, дека тие ги поддржуваат прорусите на истокот и дека се борат со нив против украинските вооружени сили.

Киев соопшти дека „руските трупи“ ја превземале контролата во градот Новоазовск, на југоисток од земјата, и ја обвиниле Русија за директна инвазија.

 Рускиот амбасадор во ОБСЕ во Виена изјавил дека во Украина „нема руски војници“. Русија досега во повеќе наврати демантираше дека има нејзини војници во Украина.

Слично

Поврзани вести