Економија, финансии, бизнис

Контакт

Киев: Ако Западот не нé штити, ќе мора нуклеарно да се вооружиме!

Киев: Ако Западот не нé штити, ќе мора нуклеарно да се вооружиме!
Ако САД и европските земји не успеат да го гарантираат територијалниот интегритет на Украина, земјата треба да размисли нуклеарно да се вооружи за да го врати Крим од руската окупација, изјавил пратеник во украинскиот Парламент. Според Павло Ризаненко, член на партијата УДАР на Виталиј Кличко, големите сили потпишале договор дека ќе ја штитат Украина во замена за земјта да се откаже од нуклеарно вооружување во 1991 година. “Ние се откажавме од нуклеарното вооружување заради овој договор. Сега постои силно чувство во Украина дека сме направиле погрешна одлука“, изјави Ризаненко. Неговите изјави доаѓаат откако Русија најнави дека постои можност да испрати трупи и надвор од Кримскиот Полуостров, во источните делови на Украина, кои „се соочувале со безаконие“. Инаку денеска вооружени руски војници ја зазеле воената болница во Симферопол на Крим, заканувајќи му се на персоналот и на пациентите. Претходно руски војници со истрели од автоматско оружје зазеле и украинска воена база на Крим, при што им ги одзеле мобилните телефони на војниците. За в недела е закажан референдумот за отцепување на Крим од Украина и негово приклучување кон Русија.  
Слично

Поврзани вести