Економија, финансии, бизнис

Контакт

Киев: 18 мртви, полицијата напаѓа

Киев: 18 мртви, полицијата напаѓа
Украинската полиција крена во акција против демонстрантите на главниот плоштад во Киев. Расте и бројот на повредени. RT пренесува дека до сега се загинати 18 луѓе, седум полицајци и 11 демонстранти. Лидерот на украинската опозиција Виталиj Кличко стигна во канцеларијата на претседателот Виктор Јанукович на нови разговори. Илјада полицајци со шок бомби и водени топови ги растеруваат демонстрантите од главниот плоштад во Киев. Полицијата ги тргна барикадите од плоштадот на независноста кој е веќе три месеци центар на антивладини демнострации, а голем број на шатори кои ги имаа поставено активистите веќе се во пламен. Околу 20.000 демонстранти со палки во рацете, пренесува агенцијата одговориле на акцијата на полицијата, фрлајки камења и молотови коктели, истовремено пеејки ја украинската химна. Лидерот на опозицијата Витали Кличко ги повика демонстрантите да го одбранот кампот на Плоштадот на независноста. -          Од овде не одиме никаде. Ова е остров на слободата и ние ќе го браниме, вели Кличко на собирот, опкружен со пламен и димни облаци. Демонстрантите бурно го поздравија неговиот повик, извикувајки “Да живее Украина“. http://www.youtube.com/watch?v=2tLf-PTAIYU K.K.
Слично

Поврзани вести