Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИДНАПИРАН?! – Брод со неколку стотини патници во близина на Крф испратил сигнал за помош

КИДНАПИРАН?! – Брод со неколку стотини патници во близина на Крф испратил сигнал за помош
Еден товарен брод испратил СОС сигнал за помош од област во близина на Крф, поради сомнеж дека на него се наоѓаат вооружени лица, известуваат грчките телевизии. Според соопштението на министерството за поморски транспорт, на местото од каде е испратен сигналот веднаш била испратена една фрегата и хеликоптер за да го најдат бродот за кој се верува дека пренесува неколку стотини мигранти. Како што соопштува италијанската крајбрежна стража станува збор за мигранти од Сирија. Бродот „Blue sky M“, кој плови под знамето на Молдавија, бил зафатен од големо невреме во Јонското Море, во близина на островот Отони, северозападно од Крф. Бродот пловел кон Хрватска, меѓутоа, според соопштението на италијанската крајбрежна стража, го променил курсот и се движи во правец на италијанскиот регион Апули, и се наоѓа на 26 миљи од брегот. Властите соопштиле дека повикот за помош најверојатно го испратил некој од патниците. Два хеликоптери кои полетаа од Крф веднаш се упатиле кон оваа положба. Детали за бројот на патниците и состојбата во која се наоѓа бродот за сега нема. Фрегатата Наварино, која денес била испратена да го најде „Blue skt M“, веќе го пребарала ова место бидејќи помагала во спасувањето на патници од траектот на компанијата Норман Атлантик.
Слично

Поврзани вести