Економија, финансии, бизнис

Контакт

Киднапирал авион за да освои жена

Киднапирал авион за да освои жена

„Романтична” разврска на заложничката драма на Кипар. Во денешното киднапирањето на авионот „Eрбас А320“што полета од Александрија за Каиро, но слета во Ларнака, на Кипар не станува збор за тероризам.

Всушност киднапирањето на авионот требало да биди „љубовен гест” на еден египетски државјани кој сакал да ја види својата поранешна сопруга, Кипранка, која сега живее во Кипар.

Киднаперот на авионот  на себе носел лажен елек со експлозив, наведуваат официјалните лица од Кипар.

Сеиф Елдин Мустафа имитацијата на елек со бомби најверојатно ја направил од капаци за мобилни телефони.

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис потврди дека киднапирањето на авионот не е поврзано со тероризам.

Мустафа пак, кој повеќе од шест часа држел заложници во авионот на "EgyptAir" е уапсен од кипарските власти.

Слично

Поврзани вести