Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИДНАПИРАА СТОТИЦИ ЛУЃЕ: Џихадистите држат заложници во Нигерија

КИДНАПИРАА СТОТИЦИ ЛУЃЕ: Џихадистите држат заложници во Нигерија

Џихадисти киднапирале стотици луѓе и ги држат како заложници во североисточна Нигерија. 

Екстремисти на ИСВАП (Исламска држава во провинција на Западна Африка), огранок на Боко Харам, го зазедоа Кукава во регионот на Чад вчера попладне и заробија луѓе кои штотуку се вратиле дома откако скоро две години биле во кампови за раселени, изјави Бабакура Коло, командант на локалната милиција.

„Терористите дојдоа во 22 камиони, вчера го нападнаа градот околу 16 часот кога изби жестока борба меѓу нив и војниците што го бранеа градот“, рече тој, пренесе Франс24.

Граѓаните на Кукава, придружени од војската, се вратија во нивниот град на 2 август, по заповед од властите на државата Борно.

Тие живееле во кампови за раселени во регионалниот центар Маидугури, 180 километри оддалечен, каде пристигнале по крвавиот напад во ноември 2018 година.

Локален лидер, кој ги придружувал жителите во градот, рекол дека луѓето се вратиле со надеж дека ќе ги обработуваат своите полиња, а завршиле во рацете на бунтовниците.

Безбедносен извор кој го потврди нападот за АФП изјави дека воени авиони долетале од Маидугури за „решавање на ситуацијата“.

Деценискиот џихадистички конфликт во Нигерија ги принуди околу два милиони луѓе да ги напуштат своите домови, повеќето од северниот дел на Борно.

Слично

Поврзани вести