Киднаперите своите жртви ги наоѓаат на Фејсбук, еве ја приказната на една од нив
Полицијата наведува дека трговците со луѓе своите жртви ги наоѓаат на интернет на социјалните мрежи.
Една од нив е и 14-годишната Карен која беше заведена преку Фејсбук и киднапирана во 2013 година. Нејзината мајка Елизабет за Би-би-си ја раскажа приказната за несреќната судбина.
Кога Карен исчезнала, нејзината мајка го пребарувала нејзиниот компјутер за да најде некоја трага и да знае каде да ја бара.
Таа и нејзиниот сопруг отишле на профилот на Фејсбук од нивната ќерка и сфатиле дека имала уште еден, таен профил, за кој не знаеле. На тој другиот профил имала повеќе од 4.000 пријатели.
Набрзо им привлекол внимание еден од нејзините пријатели .
„Речникот му беше како да е дилер, постојано спомнувал патувања, зборувал нешто за територија и во пораките ѝ ветувал на Карен дека наскоро ќе ја посети. Ја контактирал неколку дена пред да исчезне и ѝ испратил мобилен телефон за да можат цело време да бидат во контакт. Не знаевме дека го имала тој мобилен“, раскажала мајката.
Елизабет го пријавила случајот во полиција, а случајот го објавила и на телевизија и радио.
За среќа, преголемото внимание што го привлекла во јавноста го исплашиле киднаперот. Две недели откако исчезнала Карен, била пронајдена на автобуска станица, а киднаперот никогаш не го фатиле.
Таткото на Карен раскажал како тој маж и ветил на Карен дека многу ќе патува, дека ќе има многу пари и дека ќе ѝ помогне да стане славна пејачка.
Карен е само една од илјадниците девојки кои се киднапирани во Мексико. Според полициските податоци, во Мексико секоја година како жртви на трговија со луѓе завршуваат дури 20.000 луѓе. Повеќе од половината се тинејџерки.


