Киа Моторс со рекордно производство на возила во Словачка
Компанијата Киа Моторс во 2012 година забележа рекордно производство во Словачка со над 290.000 нови возила на пазарот. Со ова за 15% е надминато производството на возила од предминатата 2011 година.
Во производните погони на Киа во словачкиот град Жилина исто така биле монтирани над 460.000 мотори, што е за 28 отсто повеќе од претходната година, се наведува во соопштението на компанијата која последниве шест години е присутна на словачкиот пазар.
Слично
