Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќерката на Немцов убедена дека убиството на нејзиниот татко е со политички мотиви

Ќерката на Немцов убедена дека убиството на нејзиниот татко е со политички мотиви

Ќерката на Борис Немцов, Јованка Немцова, е убедена дека убиството на нејзиниот татко е извршено со политички мотиви.

„Убедена сум дека убиството било политички мотивирано, вели таа во интервју за  „Билд ам Зонтаг“.

Според неа, со загинувањето на нејзиниот татко руската опозиција се покажала "обезглавена".

Немцова изразила сомневање дека сторителите на кривичното дело ќе бидат казнети.

Борис Немцов беше застрелан во текот на ноќта на 28 февруари во центарот на Москва.

Вчера (7 март) шефот на руската Федерална служба за безбедност Александар Бортников најави дека во врска со убиството на Немцов биле уапсени Дадаев и Губашев. Според информација на Советот за безбедност на Ингушетија, Дадаев служел во баталјонот "Север" во Чеченија, а Губашев работел како телохранител во хипермаркет крај Москва.

Подоцна стана јасно дека уште две лица се во притвор под сомнение дека учествувале во злосторството. Станува збор за близок на Дадаев од времето кога беше заменик-командант на баталјонот "Север" на Министерството за внатрешни работи на чеченските република и помалиот брат на Губашев.

Претходно денеска агенциите објавија дека еден осомничен за соучество во убиството на Немцов се самоубил како се разнел со граната.

Слично

Поврзани вести