Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќерката на Немцов го обвини Путин за убиството на татко и!

Ќерката на Немцов го обвини Путин за убиството на татко и!

Ќерката на рускиот опозициски лидер Борис Немцов изјавила дека претседателот Владимир Путин е политички одговорен за смртта на нејзиниот татко, пренесоа американските медиуми.

Жана Немцова потсетува на интервјуто дадено во Италија за БиБиСи дека нејзиниот татко бил критичар на Путин и дека немал други противници.

„По неговата смрт опозицијата е обезглавена и сите се исплашени“, изјавила Немцоова.

55-годишниот Немцов беше застрелан во близина на Кремљ кон крајот на февруари. Руската опозиција смета Путин за одговорен за неговата смрт.

Пет лица се приведени и двајца се обвинети за убиството, но колегите на Немцов се загрижени дека нема да бидат откриени нарачателите.

Слично

Поврзани вести