ЌЕРКАТА НА ГАДАФИ СЕ ЗАКАНИ: Спремни сме за смртоносна битка!
Ајша Гадафи станува нов лидер на отпорот во еден клучен момент на земјата, во пресрет на новата интервенција на НАТО.
Како генерал-полковник на либиската војска, таа се заколна на лојалност на целите на нејзиниот татко.
Ајша Гадафи гарантира дека наредните месеци ќе се формира „тајна влада” од познати Либијци, кои се лојални на Гадафи, која ќе фунционира како посредник во Либија и странство.
Таа ја критикува порнешната војска поради тоа што е, како што вели „луда мешавина на анархисти” и е одлучна да се бори за „оној кој повеќе плаќа”.
Ајша Гадафи ги повика војниците на либиските вооружени сили да и положат заклетва, како на врховен командант, како би основала држава.
„Моето име ми дава право да бидам на чело на оваа битка” – вели Ајша, која во текот на војната го изгуби сопругот и двете деца.
Таа денес е спремна да стане „симбол на нацијата” и рамо до рамо со портретот на Гадафи да стане „симбол на мисијата за национално единство”.
Ајша предвидува распад на терористичката Ал Каеда, а најави и „смртоносна битка” во која, како што вели, терористите ќе се соочат со една нација.
