Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кери: Военото присуство на Русија во Сирија може да доведе до ескалација на судирите

Кери: Военото присуство на Русија во Сирија може да доведе до ескалација на судирите

Американскиот државен секретар Џон Кери денес во телефонски разговор му ја пренесол на својот руски колега Сергеј Лавров загриженоста на САД поради извештајот за зголеменото воен присуство на Русија во Сирија, соопштува Стејт департментот.

Државниот секретар јасно ставил до знаење дека, доколку извештаите се покажат како точни, овие акции би можеле да доведат до понатамошни ескалации на конфликти, поголемо губење на невини животи, да го зголемат приливот на бегалци и ризикот од конфронтација со коалицијата противници на ИС која оперира во Сирија - пишува во соопштението на Стејт департментот.

Кери и Лавров се сложија дека дискусиите за конфликтот во Сирија да продолжат во Њујорк подоцна овој месец.

Слично

Поврзани вести