Кери: Русија ќе донесе уште екстремисти во Сирија
Руската воена поддршка за сирискиот режим ризикува да привлече повеќе екстремисти во земјата, предупреди американскиот државен секретар Џон Кери по средбата во германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер.
Ние двајцата се согласивме „дека континуираната воена поддршка од Русија или која и да е друга земја ризикува да привлече повеќе екстремисти и да ја зацврсти власта на Асад“, изјавил Кери.
Вашингтон се грижи од информациите дека Русија испраќа оружје во Сирија. Москва тврди дека нејзините дејства се совпаѓаат со постоечките договори за одбрана, а портпаролот на претседателот Путин во петокот изјавил дека Русија ќе ја разгледа ситуацијата и ќе испрати свои војници, ако сирискиот претседател Башар Асад тоа го побара од нив.
