Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кери: Потребни се тешки одлуки за нуклеарната програма на Иран

Кери: Потребни се тешки одлуки за нуклеарната програма на Иран

Државниот секретар на САД, Џон Кери изјавил дека „тешки одлуки“ се потребни ако преговарачките страни сакаат да постигнат нуклеарен договор до новиот краен рок, кој истекува во вторник.

Кери предупредил дека двете земји „не се таму каде што ние сакаме да бидат неколку од најтешките прашања“.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф истакнал дека „се уште ништо не е јасно“ и преговорите во Виена ќе продолжат.

„Шесторката“ (Велика Британија, САД, Франција, Германија, Русија и Кина) и Иран ги продолжија преговорите до вторник, откако не успеаја да постигнат траен договор за иранската нуклеарна програма до 30 јуни.

Според Кери договор со Иран се уште е можен.

„Ако во следните неколку дена се преземат тешки одлуки брзо, можеме да постигнеме договор оваа недела“, додал американскиот дипломат во Виена, Австрија.

Според него во изминатите денови е постигнат напредок во преговорите. Но, САД се подготвени да ги напуштат разговорите, „ако не постигнеме договор и има неподготвеност да се продолжи напред со работите кои се важни“.

Иранскиот министер за надворешни работи изјавил дека се „задржуваат некои разлики и ние се обидуваме и работиме напорно“.

Шефот на надворешната политика на ЕУ Федерико Могерини се согласува дека атмосферата на разговорите е „конструктивна и позитивна“.

„Многу сме блиску“, додала таа.

Спорните точки се поврзани со мерки да се преземат за кревање на наметнатите на Иран санкции и какви можности да бидат дозволени на Иран за развој во областа на нуклеарната енергија за цивилни цели.

Слично

Поврзани вести