Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кери: Нема да молчиме за иранската помош во Јемен

Кери: Нема да молчиме за иранската помош во Јемен

САД знаат дека Иран ги вооружува шиитските бунтовници во Јемен и нема да седат со скрстени раце, кога целиот регион е дестабилизирачки, изјавил државниот секретар Џон Кери.

„Иран треба да знае дека САД нема да седат со скрстени раце, кога целиот регион е дестабилизиран и се води отворена војна со преминување на меѓународните граници со други земји“, изјавил Кери, имајќи предвид минатонеделните летови на иранските авиони кон Јемен.

 „Ние ги локализиравме и знаеме“, додаде првиот дипломат на САД.

Коалиција на сојузници на Вашингтон, предводена од Саудиска Арабија, веќе две недели води борбени дејства против шиитските бунтовници од племето хути чии сојузник е Иран.

Саудиската интервенција во заштита на сунитските власти не е санкционирана од ОН.

Пентагон соопшти вчера дека американските авиони-цистерни почнаа да ги полнат во воздух авионите на коалицијата

Слично

Поврзани вести